5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan го покажа новиот X-Trail (фото)

Nissan го покажа новиот X-Trail (фото)

rogue 04

Јапонскиот производител „Nissan“ ја претстави обновената верзија на кросоверот „Rogue“ кој на европскиот пазар се нуди како „X-Trail“. Засега се откриваат деталите единствено за американската верзија на возилото, која добила проширен список од технологија и дополнителни системи за безбедност, како и нова мултимедија.

rogue 00

Во САД „Rogue / X-Trail“ ќе продолжи да доаѓа со 2.5-литарски бензински 4-цилиндричен мотор со моќност од 170 КС (237 Нм). Клиентите веќе ќе можат да избираат и хибридна модификација, во која главна улога ќе игра 2,0-литарски мотор со 4 цилиндри. Вкупната моќност на системот е 176 КС, а е опремен со функцијата „старт-стоп“ и систем за обновување на енергијата. Хибридната варијанта е достапна само за верзијата на моделот со 5 места.

rogue 01

Од „Nissan“ тврдат дека потрошувачката на хибридната верзија, која е со преден погон, во градски услови достигнува 7,13 л / 100 км. Во отворено движење показателите се 6,72 л / 100 км, што ја прави просечната потрошувачка од 6,92 л / 100 км. За моделите со 4х4 овие вредности се соодветно 7,59 / 6,92 / 7,13 л / 100 км.

rogue 02

На изглед обновениот „Rogue / X-Trail“ се разликува по променетата корпоративна решетка на ладилникот „V-Motion“ која го прави сличен со „Murano“. Кросоверот добил надоградни браници и светла, а пристапот до багажникот е олеснет, благодарение на новиот систем, овозможувајќи отворање на задната врата со гестикулација.

rogue 03

Проширена е и листата на системите за безбедност. Автомобилот веќе располага со интелигентен курс-контрол и асистент за одржување на лентата на движење. Системот за екстремно запирање добил функција за препознавање на пешаци. Во опремата е вклучен и систем за следење на мртвите зони, како и систем кој го предупредува возачот за приближување на возило позади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП