3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите со најевтини и најскапи летови

Земјите со најевтини и најскапи летови

Studio shot of toy airplane with tickets on map

Сајтот за споредба на цените на летовите „Kiwi.com“ анализираше над 1 милион летови од 75-те земји кои се популарни меѓу туристите, за да се утврди кои дестинации ги нудат најевтините и најскапите домашни и меѓународни летови.

Студијата ги вклучува како со ниска цена, така и авиокомпаниите кои нудат целосна услуга. Земени се во предвид летовите и во периоди кога го достигнуваат врвот (одмори, празници), но и во оние кога не се толку атрактивни.

Просечните трошоци за билети беа пресметани на 100-тиот поминат километар. Врз основа на овие параметри, според анализата на „Kiwi.com“, Индија го зазеде првото место меѓу дестинациите кои нудат евтини летови – при просечна цена од 3,25 долари на 100 километри. Ова рангирање на земјата се должи најмногу на особено ниските трошоци за домашните летови.

Малезија, Русија, Португалија и Индонезија ја следат Индија која цврсто ја држи првата позиција во рангирањето. Во исто време, Обединетите Арапски Емирати можат да се пофалат со најскапите трошоци за летови – со просечна цена од 105.71 долари на 100 километри. Внатрешните цени на летовите во ОАЕ се со просечна вредност од 181.38 долари на 100 километри на нискотарифните превозници и 220.36 долари за летови со целосна услуга. Финска е втора според највисоките цени со средна вредност од 50.98 долари на 100 километри, следена од Катар со просек од 50.37 долари.

Кина може да се пофали со најевтините, а Канада со најскапите меѓународни летови.

Податоците исто така констатираат дека цените на летовите како целина се паднати за 12,5% во последната година, а резултат на тоа е зголемената конкуренција и заштедите на авиокомпаниите од гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП