2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP го купува Samsung!!!

HP го купува Samsung!!!

Samsung, HP Pop-Tops Do Laptop Double Duty

Американскиот компјутерски гигант „HP“ потпиша договор за купување на бизнисот со печатачи на „Samsung“ за 1 милијарда долари, пренесува „ВВС“.

Од „HP“ соопштија дека придобивка ќе и помогне да ја „преобрази“ индустријата со печатачи која се проценува на 55 милијарди долари.

„Ова е сегмент кој не се обновува со децении”, забележува компанијата. Таа го купува големо присуство во бизнисот со печатење во Азија, како и технологијата за ласерско печатење и патентите на „Samsung“.

Договорот доаѓа неколку дена откако ќерка компанија на HP го продаде софтверскиот бизнис на британската технолошка компанија „Micro Focus“.

„Hewlett-Packard“ се раздели на два бизниси во текот на минатата година: „HP Inc“ се фокусира на печатачите и компјутерите, и Hewlett Packard Enterprise кој го продаде софтверскиот бизнис, за да се фокусира на чување на податоци.

„Кога станавме одделна компанија само пред десет месеци, тоа ни овозможи да бидеме пофлексибилни и да се фокусираме на забрзување на растот и трансформацијата на индустриите“, вели Дион Вајслер, генерален директор на HP Inc.

„Принтерите се застарени, сложени машини со десетици резервни делови кои бараат неефикасна услуга и договори за одржување“, соопштува „HP Inc“.

Компанијата додава дека клиентите често се лутат поради скршени принтери и договорот ќе му помогне на „HP“ да инвестира во подобра технологија.

Бизнисот со печатачи на „Samsung“ му донесе приходи од 1,4 милијарди долари во текот на минатата година и вклучува над 6.500 патентите за печатење, како и во близина од 1.300 вработени, специјализирани во технологијата со ласерските принтери. Во исто време акциите на „Samsung“ загубија 9% од вредноста, откако компанијата повика ги клиентите да ги вратат телефоните „Galaxy Note 7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП