Овен (21.03 – 20.04)
Не прифаќајте понуди кои во ниту еден случај не ви одговараат, особено не ги прифаќајте понудите на некој Бик или Шкорпија. Ќе бидете нетрпеливи во работата со млади лица, иако вие всушност на нив се ослонувате. Ако постои нешто што не сте го направиле како што треба, денес можете јавно да говорите за тоа, денешниот ден е погоден за настапи во јавност.
Бик (21.04 – 21.05)
Не се решаваат сите ситуации со кавга, пробајте со мирен разговор да ги решите проблемите на работното место но и во приватниот живот. Некој ќе ви соопшти некоја вест која тотално ќе ве натажи. Побарајте помош за мирно прифаќање на новата ситуација во животот од ваш пријател кој е Риба. Плановите за сопствен бизнис нема да ви се исполнат.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Веројатно одлично ќе просперирате во услужните дејности. Некои ќе постигнат решенија за кои долго мислеле дека се невозможни. Ќе бидете задоволни и со материјалните достигнувања, но светот на идеи и понатаму ќе ви биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Пуштете да ве води интуицијата.
Рак (22.06 – 22.07)
Денешниот ден за вас е прекрасен, едноставно исполнет со среќа и љубов. Приредете му на партнерот некакво изненадување, уживајте во опкружувањето со пријателите и бидете заедно со семејството. Многу поволен ден за оние кои веќе се во врска, но и оние кои не се може да очекуваат нешто сериозно. Работните обврски може да почекаат за некој друг ден.
Лав (23.07 – 22.08)
Депресијата е вашето второ име, мора да излезете од тој негативен круг. Размислувајте за понатамошниот живот, забележете дека всушност и не се така лошо поставени работите. Премногу ги осудувате колегите, и тие се во незавидна позиција. Семејните несогласувања се поради недостигот на искрена комуникација.
Девица (23.08 – 22.09)
Вашиот инат е поголем од било што, но вие на тој начин можете да загубите некоја драга личност. На работното место обврските ве соборуваат, а вие немате сила да се справите со нив. Обидете се да научите дека не сте секогаш во право и прифатете ја помошта која ви ја нуди некоја Водолија.
Вага (23.09 – 22.10)
Многу лесно им верувате на приказните кои ви ги раскажуваат лицата околу вас. Внимавајте некој во вашата околина не ви мисли добро. Проблемот кој ќе ви го направи може сериозно да ве растажи. Организирајте семејно дружење, опуштете се и уживајте, имате потреба од тоа.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Психичката ситуација повторно ви е разнишана, тоа потекнува од намалената самодоверба и тагата која ја чувствувате. Обидете се нешто да промените, започнете најпрво од вашиот животен простор и зафатете ги сите животни сегменти и во секој сменете по нешто. Партнерот ве анализира и сака да ви помогне, но вие не сте отворени за помош.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес ќе постигнете цел кон која долго се стремите, но не ја покажувајте возбудата пред другите. Можно е да разбудите завист кај блиска личност која неодамна се соочила со неуспех. Бидете повнимателни кон туѓите чувства. Планетите ви даваат зелено светло за да бидете поспонтани. Престанете да размислувате однапред што ќе кажете следно.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе се појават некои настани од минатото но не грижете се истите само ќе ве поттурнат да одите што побрзо погоре. Ќе имате можност за заработка на дополнителен профит затоа ангажирајте се максимално. Вашите пријатели ќе побараат совет од вас, а вие тоа безусловно ќе го направите. Внимавајте некоја Вага не е целосно искрена со вас.
Водолија (21.01 – 19.02)
Потребно е да оставите сериозен впечаток на својата околина. Бидете дисциплинирани со цел да ги задоволите различните критериуми или вкусови. Љубовта секогаш делува инспиративно, доколку умеете да ја препознаете нејзината трага. Побарајте нечиј совет. Располагате со погрешни информации, а вашите прогнози звучат неубедливо.
Риби (20.02 – 20.03)
Можеби денот и нема да ви биде кој знае каков во смисла на расположение и чувства, но затоа пак ќе ви биде доста добро насочен во смисла на финансии и пари, било да добиете или примите нешто, било да заработите, што секако зависи од вашиот работен статус и секако од вашите позиции и успеси на финансиските полиња.