25 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 10-11.09.2016

Викенд хороскоп 10-11.09.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Одличен викенд за некои помали работи и контакти како работни така и приватни. Ќе имате доста добри односи со претпоставените, па вашите работи ќе напредуваат. Амбициозните проекти не ви се добро аспектирани но се очекува подобрување. Треба да бидете поупорни и потрпеливи ако сакате да напредувате.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Енергијата ви е на високо ниво. Викендов најповеќе ќе се занимавате со совладување на отпорот и ублажување на различните удари. Бидете особено внимателни во пошироките комуникации, бидејќи соработниците не ви се особено наклонети.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се повеќе ќе бидете заинтересирани за соочување со сериозните работни проблеми. Ќе ве загрижуваат прашањата кои ви изгледаат нерешливи, па затоа можете да преземете некои чекори со кои ќе се реорганизирате или ќе се унапредите. Не се оптеретувајте премногу.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можеби ќе се обидувате да разрешите некои тешки работни односи и ќе си го расипете викендот. Попуштањето на притисокот ќе ви овозможи да се завртите кон поубавите работи во животот. Ве очекува некоја не многу пријатна ситуација, побарајте совет од постара личност.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Викендов повеќе ќе одмарате отколку што ќе работите. Тоа не е толку оправдано, но сепак ви е неопходно. Посветете му се на семејството, пријателите, излезете на прошетка и релаксирајте се. Постојано се грижите за парите, кои навистина ви недостигаат, но смирете се, ви следи поволен финансиски период.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Тргнете се настрана од кавгите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Она за што сонувате би можело да се случи, особено во врска со некој страствен знак како Шкорпија или Јарец. Можна е тајна врска со некој кој го среќавате во деловните кругови или ако имате намера некаде заедно да патувате. Средновечните Ваги можат да се надеваат на додворување од страна на некоја влијателна личност.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Немојте да се нервирате поради работата, туку правете така како што мислите дека е најдобро. На крајот на овој месец некои работи ќе се поместат, работи кои досега биле закочени, ограничени, оние поради кои сте биле незадоволни. Комуницирајте со колегите, на тој начин и тие ќе ви помогнат.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Внимавајте на плановите кои некако набрзина ги извршувате, би можеле да се појават проблеми. Отворете ги очите и забележете дали во вашата средина има некој кој крие некои нешта од вас. Некоја Вага ќе се надева на ваша помош, но вие нема да бидете способни за тоа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Одговорните и самокритични Водолии треба да се подготват за напорен ден. Ве очекуваат предизивици, обврски а заслугите ќе бидат занемарени. Ако се земе во обзир вашата наклонетост да се грижите премногу и да ги преувеличувате работите, овој ден може да биде многу стресен за вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Викендот ви носи и поволни и неповолни настани. Ќе имате многу средби и разговори, па постојано ќе бидете во движење. Во целост вашата ситуација е добра, но би требало повеќе да внимавате на финансискиот дел од работата. Избегнувајте поголеми трошоци и не дозволувајте некој да ве наговори да вложувате во нови работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП