Едно од поголемите изненадувања во текот на промоцијата на Apple наменета за iPhone 7 беше доаѓањето на играта Super Mario на iPhone и iPad.
Nintendo е долго критикуван што своите потенцијали не ги насочува на мобилната платформа. Од таа причина компанијата оваа година ја покрена Pokemon Go франшизата, а сега и Super Mario Run би можел да го направи истото на iOS, но и на Android уредите.
Super Mario е „endless runner“, односно игра заснована на непрекинато трчање. Додека се околу вас е во Super Mario стил, начинот на управување со играта е сосема нов. Марио трча само на десно и собира посебни парички, крши кутии, собира печурки, цветови и други унапредувања.
Се што е потребно играчите да прават е да притискаат на копчето за скок. Во нивоата ќе се менуваат блоковите кои на Марио ќе му овозможуваат да трча и на лево, а ќе постојат и нивоа во кои Марио ќе мора да скока во точно одреден момент.
Целата е да се соберат што повеќе обични и посебни парички, како и да се стигне до целта на време. Скокот на непријателот ќе го исфрли Марио повисоко во воздухот, додека повеќето последователни скокови ќе му овозможат поголем одраз. Ова е прва игра од серијалот „Mario“ кој играчите константно можaт да го играат со само една рака.
Играта на уредите ќе се појави пред зимските празници, веројатно на почетокот на декември, а сјајна вест е дека Super Mario Run нема да биде „ply to play“ игра, што значи дека кога еднаш ќе ја купите, ќе ви биде достапна целата содржина.
Играта нешто покасно ќе се појави и за android, но дали како и Pokemon GO, ќе биде ограничено достапна географски, сеуште не е познато, но секако дека ќе биде голем хит.