3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кина и Јапонија може да се покажат како победници...

График на денот: Кина и Јапонија може да се покажат како победници од Brexit

kin3035

Британското гласање за излез од Европската унија (ЕУ) може да ги претвори некои азиски земји во вистински победници, коментира „Bloomberg“.

Причината е дека Велика Британија ќе биде принудена да ги продлабочи односите со азиските трговски партнери и да склучи нови договори за заеднички пристап до пазарите.

Ваквиот потег ќе создаде нови можности за земји како Кина, Јапонија и Хонгконг, кои веќе имаат силни инвестициски, финансиски, туристички и трговски односи со Велика Британија, се наведува во анализата на економистите на „Bloomberg Intelligence“, Филдинг Чен и Том Орлик.

kin3036

„Додека „Brexit“ ги збунува односите на Велика Британија со ЕУ, заздравувањето на врските со азиските економии, кои се главни двигатели на глобалниот раст, никогаш не биле толку важни“, пишуваат Чен и Орлик во својот коментар.

Според аналитичарите од „Bloomberg Intelligence“ има пет фактори за мерење на силата на билатералните односи: трговски врски, странски директни инвестиции, финансиски односи, развој на туризмот и девизен курс.

Во заедничката листата Кина доаѓа на трето место по Јапонија и Хонгконг. Нејзината позиција е поддржана од трговските и туристичките врски, но земјата се спушта надолу во листата поради слабеењето на јуанот.

Оние кои може да останат надвор од најпрофитабилните, се Малезија, Индонезија и Филипини. Причината е дека земјите се наоѓаат на дното во однос на трговските врски и директните странски инвестиции. Филипини собра 50 поени наспроти 12 на Јапонија, а пониските проценки значат повисоко место на листата.

kin3037

Сигурно, сепак голем дел од идните односи на Велика Британија со Европа и Азија остануваат непознати, бидејќи последиците од гласањето околу „Brexit“ дури сега почнуваат да се кристализираат. На трговските трансакции им треба време за да се материјализираат, а инвестициските трендови стануваат јасни со годините, а не со месеци, предупредуваат аналитичарите од „Bloomberg Intelligence“.

Во секој случај, сепак оние кои сакаат можност за здрави односи со Велика Британија, нема да чекаат работите да се смират.

„Компаниите и инвеститорите нема да чека премногу долго пред да ги фатат можностите околу „Brexit““, пишуваат Чен и Орлик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП