3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс веќе не е најбогат човек во светот

Бил Гејтс веќе не е најбогат човек во светот

ortega gates

Шпанецот Амансио Ортега го претекна коосновачот на „Microsoft“, Бил Гејтс во рангирањето на најбогатите луѓе во светот.

Акциите на компанијата управувана од Ортега, „Inditex“, која ги поседува „Zara“, „Bershka“, „Massimo Dutti“ и „Pull & Bear“, поскапеа вчера со 2,5%, со што додадоа 1.7 милијарди долари кон неговото богатство. Па така богатството на 80-годишниот Ортега се зголеми од 77.8 милијарди долари до 79.5 милијарди долари, покажуваат пресметките на „Forbes“.

Според податоците на списанието, Гејтс располага со 78.5 милијарди долари.

Ортега е роден во сиромашно семејство, а дел од спомените од детството му се поврзани со фактот дека неговиот татко не секогаш можел да обезбеди храна за сите. Амансио дури го напушта училиштето во тинејџерските години, за да почне да работи. Син на железнички работник од Ла Коруња, тој започна бизнис во родниот град. Во 1963-та година го основа „Inditex“ и оттогаш до денес богатството му се зголемува секоја година. Двајцата со неговата прва сопруга Росалија Мера започнуваат со почетен капитал од помалку од 100 долари, а во почетокот шие облека, пижами и ноќници во својата дневна соба.

Во 1975-та година двајцата ја отвораат прва продавница на која и го даваат името „Zara“, а само за осум години синџирот веќе има продавници во девет различни градови на Шпанија. Ортега се разведува со сопругата во 1986-та година, а „Inditex“ се појавува на берзата во 2001-ва година. Токму благодарение на делот, кој по смртта на Росалија го добива ќерката Сандра Ортега Мера, денес таа е најбогатата жена во Шпанија со богатство од 7.1 милијарди долари.

Ортега дебитираше во рангирањето на списанието „Forbes“ во 2001-ва година со богатство од 6,6 милијарди долари. Во тоа време Бил Гејтс веќе ја заземаше челната позиција со 58.7 милијарди долари. Помеѓу 2001-ва и 2002-ра година Ортега додава 2,5 милијарди долари, што во тоа време му обезбедува место меѓу 25-те најбогати луѓе на планетата. За време на кризните 2009-2013 година тој заработи нови 39 милијарди долари, а две години подоцна (во октомври 2015-та година) за прв пат го смени Гејтс од челното место, откако акциите на „Inditex“ стигнаа до рекордна цена, а неговото богатство ја преминува границата од 80 милијарди долари.

Двајцата најверојатно ќе продолжат да ја разменуваат титулата најбогат човек во светот и во следните години. Треба да се има предвид дека во текот на годините Гејтс донирал 31 милијарди долари на различни добротворни организации. Во случај да не беа овие донации, неговото богатство би се проценувало на околу 110 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП