5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ги остави основните камати и програмата за стимулации без промена

ЕЦБ ги остави основните камати и програмата за стимулации без промена

ecb-headquarters111

Европската централна банка (ЕЦБ) ги остави клучните каматни стапки без промена по состанокот во четвртокот.

Каматната стапка по главните операции за рефинансирање останува 0%, а онаа по граничното кредитно олеснување е 0,25%. Депозитната камата е на негативна територија во износ од -0,40%.

Одлуката на банката е сигнал дека економистите во Франкфурт не гледаат непосредна опасност за реконструкција во еврозоната, вклучувајќи ја и одлуката на мнозинството Британци земјата да ја напушти Европската унија, наведува „Bloomberg“.

„Управниот одбор продолжува да очекува основните каматни стапки да останат на актуелните или пониски нивоа на подолг временски период, како и по завршувањето на програмата за квантитативни олеснувања“, пишува во соопштението на банката.

Според „Bloomberg“ сега фокусот на инвеститорите е менувањето на тоа дали ЕЦБ ќе прогласи технички корекции во програмата за стимулации и тоа би било сигнал дали економистите подготвуваат издолжување на планот и по март 2017-та година. Повеќето економисти анкетирани од „Bloomberg“, сметаат дека до крајот на годината ќе има такви промени, но прво ЕЦБ треба да го реши проблемот со достапноста на средствата кои може да ги откупува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП