3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал е навистина „кралски клуб“

Реал е навистина „кралски клуб“

realm

Според истражувањето кое го направи специјализираниот магазин „Forbes“, фудбалскиот клуб Реал Мадрид е највредниот на планетата. „Кралскиот клуб“ го оправда својот прекар, а првпат по 2004-та година на врвот од оваа листа го „симна“ англискиот гигант Манчестер Јунајтед. Според податоците на магазинот, Реал вреди 2.18 милијарди фунти, додека на второто место е тимот од „Олд Трафорд“ чија вредност се проценува на 2.09 милијарди фунти.

Интересно на листата 20 најбогати фудбалски клубови дури 19 доаѓаат од Европа и тоа сите од таканаречената „лига пет“, а меѓу нив се „протна“ само бразилски Коринтијанс кој се најде на 16-та позиција.

Кога се во прашање клубови од останатите спортови, највреден на планетата е американскиот бејзбол тим Њу Јорк Јенкис чија цена е проценета на 1.5 милијарди фунти, а додека веднаш зад нив се најде рагби составот на Далас Каубојс со вредност од 1.4 милијарди фунти.

Топ 20 највредни фудбалски клубови:

1. Реал Мадрид (Шпанија) 2.18 милијарди фунти

2. Maнчестер Јунајтед (Англија) 2.09

3. Барселона (Шпанија) 1.72

4. Aрсенал (Англија) 880 милиони фунти

5. Баерн Минхен (Германија) 860

6. Mилан (Италија) 624

7. Челзи (Англија) 595

8. Jувентус (Италија) 458

9. Maнчестер Сити (Англија) 455

10. Ливерпул (Англија) 430

11. Tотенхем (Англија) 343

12. Шалке 04 (Германија) 329

13. Борусија Дортмунд (Германија) 301

14. Интер (Италија) 265

15. Лион (Франција) 243

16. Koринтијанс (Бразил) 236

17. Наполи (Италија) 218

18. Хамбург (Германија) 198

19. Maрсеј (Франција) 188

20. Њукасл (Англија) 174

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП