2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдборот на Twitter размислува за продажба?

Одборот на Twitter размислува за продажба?

tvit3545

На вонредна седница Бордот на директори на социјалната мрежа за кратки пораки „Twitter“ ќе дискутира за можните стратешки опции пред компанијата, вклучувајќи и продажба, пренесе специјализираниот технолошки блог „Recode“, кој се повикува на свои извори.

За можни купувачи се споменуваат „Google“, „Apple“ и две компании на медиумскиот претприемач Руперт Мардок – „21st Century Fox“ и „News Corp“. Можно е и конзорциум од инвеститори да се здобијат со социјална мрежа и да ја симне од берзата, за да може да ја стартува спокојно програмата за опоравување.

„Recode“ споменува и неверојатно сценарио – поранешниот директор на „Microsoft“ Стив Балмер и саудискиот принц Алуалид бин Талал би можеле да купат поголем пакет акции на „Twitter“ и да се стремат да влијаат врз стратешкиот курс на компанијата. Двајцата веќе држат заедно 9 отсто од акциите на „Twitter“.

Гласините за продажба на компанијата циркулираат веќе некое време. По купувањето на „LinkedIn“ од „Microsoft“ за 26,2 милијарди долари во мај за заинтересираните за влегување во светот на социјалните медиуми не остануваат многу можности. За да ги разгори уште повеќе шпекулациите, минатата недела Авон Вилијамс, еден од основачите на „Twitter“ и член на Управниот одбор, објави дека компанијата треба сега „да ги провери вистинските опции“.

Кај договорот за „LinkedIn“, „Microsoft“ понуди цена за околу 50 отсто над цената на акциите при последниот берзански ден. Врз база на ова „Recode“ проценува дека „Twitter“ би чинел 18 милијарди долари – прилично висока цена за социјална мрежа која бележи загуби и чиј кориснички раст е во застој.

При евентуална зделка нов круг на отпуштања и други мерки за намалување на трошоците се неизбежни. Тие дури и може да се случат и пред-продажбата, за да се зголеми интересот, пишува уште „Recode“.

Во октомври 2015-та година „Twitter“ ослободи околу 8% од вработените. Кон крајот на јуни компанијата има 3.860 вработени, на кои во последниот квартал им исплатила 168 милиони долари во форма на базирани премии на акции. Износот одговара на речиси 28 отсто од приходите за кварталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП