7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска е првата земја која купи документи од скандалот Panama Papers

Данска е првата земја која купи документи од скандалот Panama Papers

danski kruni

Данска стана првата земја во светот, која купила податоци од протечените документи во скандалот „Panama Papers“. Копенхаген ќе испитува дали 500-600 Данци, се вклучени во архивата со оф-шор сметки, кои криеле даноци, соопштува „The Guardian“.

Даночниот министер за Данска, Карстен Лаурицен изјави дека платил 9 милиони круни (1,2 милиони евра) за информациите кои протекоа од панамската правна компанија „Mossack Fonseca“. Тој рече дека анонимен извор упатил предлогот до данската влада во текот на летото.

Изворот испратил почетен примерок од документите, по што владата го прегледала. По утврдување на вистинитоста биле одржани тајни преговори за поддршка за контроверзниот договор од страна на политичките партии во парламентот, рече министерот.

„Се претпоставува дека тоа се корисни информации. Им го должиме тоа на сите дански даночни обврзници кои си ги плаќале уредно даноците“, вели Лаурицен. Тој признава дека во почетокот бил „многу претпазлив“, а потоа додава: „Материјалот содржи релевантни и вистински информации за неколку дански даночни обврзници“.

„Panama Papers“ објавени во април, беа најголемото протекување во историјата. Архивата вклучува 12,5 милиони документи. Во нив има детали за оф-шор компании, од кои половината регистрирани во Британските Девствени Острови.

Анонимен извор ја предаде архивата на германскиот весник „Süddeutsche Zeitung“. Меѓународен конзорциум на новинари од 1.800 медиумски организации ги истражувале протечените документи, од кои во списокот на имиња има државни раководители и политичари.

Не е познато дали изворот, кој ги продал информациите на Данска е истиот, бидејќи комуникацијата за трансферот се вршел преку криптирани канали.

Веста ја засилува можноста други европски земји исто така да купат податоци за сопствените граѓани. Во 2014-та година германските даночни власти платија околу 1 милион евра за документи повторно од „Mossack Fonseca“. Потоа тие ги претресоа клиентите на „Commerzbank“ осомничени за даночно затајување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП