15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИV20 - новиот премиум телефон на LG (видео)

V20 – новиот премиум телефон на LG (видео)

lg v20 00

„LG Electronics“ претстави нов премиум паметен телефон, моделот „V20“.

Новиот телефон има екран од 5,7 инчи, алуминиумско куќиште и батерија која се менува, а како и моделот „G5“, вклучува двојна камера (+предна) и „Bang & Olufsen“ звучници.

Се уште нема информации по која цена ќе се продава новиот смартфон на „LG“.

Успехот на овој уред е од пресудно значење за „LG“ чие одделение за мобилни телефони веќе петти квартал по ред бележи загуби.

Новиот телефон би требало да се натпреварува со „iPhone 7“, кој исто така треба да биде претставен денеска, но добива блага предност во однос на „Samsung“, бидејќи оваа компанија повлече голем број „Galaxy Note 7“ уреди поради проблеми со батеријата.

Смартфонот на „LG“ би требало наскоро да се најде во продажба во Јужна Кореа, а од крајот на септември и на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП