25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ќе го претстави iPhone 7, многумина ја очекуваат „осумката“

Apple ќе го претстави iPhone 7, многумина ја очекуваат „осумката“

Earns Apple

Глобалното претставување на паметниот телефон iPhone 7 се очекува во средата во Сан Франциско, меѓутоа многу потрошувачи и инвеститори веќе се одлучија да ја чекаат новата верзија на Apple на овој популарен уред, која се очекува во 2017 година, во надеж дека ќе донесе значителни подобрувања.

Блогерите и аналитичарите очекуваа дека Apple, највредната светска јавно излистана компанија на лансирање на своите производи ќе го претстави iPhone 7, без приклучок за слушалки, отворајќи го со тоа патот за безжични слушалки, со копче за враќање на почетниот екран чувствително на допир кој вибрира, камера со две леќи и други дополнителни подобрувања..

Во Apple вообичаено на својот главен производ, со кој остваруваат повеќе од половината од приходите, му го менуваат изгледот секоја втора година, а последниот голем редизајн беше на iPhone 6, во 2014 година.

Скромните подобрувања укажуваат на тоа дека сега циклусот на промени би можел да трае три години.

„Се чини дека годинава е задржан претходниот дизајн делумно и поради тоа што работат на поголеми промени за следната година“, смета аналитичарот Јан Даувсон од компанијата „Jackdaw Research“.

Продажбата на iPhone-те падна оваа година два квартала со ред, што е првиот пад во историјата на овој мобилен уред. Покрај многуте потрошувачи кои купија iPhone 6 и iPhone 6 plus, Apple би можел за моделот „седумка“ да забележи едноцифрен раст на продажбата, вели аналитичарот.

Некои специјализирани технолошки портали ги советуваат корисниците да го одложат купувањето на новиот модел до следната година, кога се очекува нова верзија и кога ќе се одбележи 10-годишнината од iPhone. Аналитичарите истакнуваат дека iPhone 8 би имал поголем екран и типка за врачање на почетната позиција на екранот која е интегрирана во екранот.

На Волстрит нестрпливо се очекува растот на продажбата, па Apple оваа година ќе биде под голем притисок да направи пресврт во надолниот тренд, тврди аналитичарот Колин Џилис од компанијата „BGC Partners“. „IPhone 7 го носи ризикот да ги разочара инвеститорите,“, смета.

Потрошувачите подолго ги користат своите телефони пред да ги заменат, што е промена којашто Apple мора да ја земе предвид при лансирањето на новите верзии на производите, смета аналитичарот Бен Баџарин од компанијата „Creative Strategies“.

Аналитичарите предвидуваат дека Apple Watch ќе биде вториот уред кој внимателно ќе се следи на годишното претставувања во средата во Сан Франциско. Се очекува надградбата на овој апарат со побрз процесор и GPS чип, што ќе им овозможи на корисниците да го следат трчањето и другите физички активности без мобилен уред. Повеќето аналитичари веруваат дека продажбата на паметниот часовник на Apple нема да ги оправда најавите.

Со најниска цена од 299 долари, што е повеќе од цената на другите слични уреди на пазарот, најмногу смисла би имало Apple да ја намали цената сметаат во „Creative Strategies“. „Таа категорија уред е многу чувствителна на цените“, вели Баџарин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП