19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА160 милијарди eвра ненаплатени приходи од ДДВ во 2014-та во ЕУ

160 милијарди eвра ненаплатени приходи од ДДВ во 2014-та во ЕУ

vat_calc33

Во 2014-та година ненаплатени приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ) во ЕУ се во износ од 159,5 милијарди евра, соопштуваат од Европската комисија. Од Брисел ја оценуваат разликата помеѓу очекуваните и всушност собраните приходи од данокот како „неприфатливо високи“.

Оваа констатација ја потврдува потребата од реформа на системот на ДДВ со цел зголемување на ефикасноста и намалување на измамите, дополнуваат уште од ЕК. Не сите недоследности сепак се предизвикани од измами со ДДВ – дел од ненаплатени приходи се должат на финансиски проблеми и банкроти, како и грешни пресметки.

Од податоците се гледа дека најголем е процентот на разминување на собраните и очекуваните приходи во Романија – 37,9 отсто. Во Шведска, пак, е едвај 1,2%.

Како апсолутна вредност на големината на ненаплатени, но очекувани приходи, е најголем во Италија – 36,9 милијарди евра и најмал во Луксембург – 147 милиони евра.

Од ЕК ветуваат законски предлози во 2017-та година за обновување на принципот на наплатување на ДДВ-то при прекугранична трговија во рамките на заедницата. Прекуграничните измами и загуби од приходите од данокот во ЕУ се проценуваат на околу 50 милијарди евра годишно. Надежите се дека со новиот систем тие ќе бидат намалени до 80%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП