12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗA5 Sportback и S5 Sportback пред Париз (фото+видео)

A5 Sportback и S5 Sportback пред Париз (фото+видео)

petka 001

Откако на почетокот на летото ја видовме новата генерација на моделите „A5“ и „S5“, сега германската марка „Audi“ ги претстави и верзиите „Sportback“. Двете модификации на спортското купе со четири врати – стандардната „A5 Sportback“ и спортската „S5 Sportback“, ќе имаат официјална премиера кон крајот на месецот за време на автосаемот во Париз.

Дизајнот на новите „A5 Sportback“ и „S5 Sportback“ е под силно влијание од оној на стандардниот модел, така што не сјае со нешто футуристичко или неочекувано. Двете машини се исполнети во типичен стил на брендот, демонстрирајќи технолошки и модерни, но истовремено резервирани и стилски форми.

petka 002

Во опремата на новите „A5 Sportback“ и „S5 Sportback“ веќе влегуваат „LED“ матрикс фарови, дигитален панел „Virtual Cockpit“ со 12,3-инчен екран на допир, мултимедијален комплекс „MMI“ со 7- или 8,3-инчен дисплеј на конзолата кој ги поддржува системите „Apple Car Play“ и „Android Auto“. Благодарение на тоа некои од карактеристиките на возилото (како централната брава, на пример) може да се ракуваат со помош на смартфон.

За доплата клиентот добива безжичен полнач за смартфон и аудио „Bang & Olufsen“, систем за контрола на лентата на движење и на мртвите зони, камера за препознавање на сообраќајните знаци и многу други.

petka 003

„A5 Sportback“ и „S5 Sportback“ се целосно нова генерација, а се изградени на новата платформа „MLB“, која беше користена за седанот и караванот „A4“, како и за веќе споменатите „А5“ и „S5“. Со тоа е овозможено зголемување на меѓуоскиното растојание од 2764 mm до 2824 mm, што обезбедува дополнителен простор за патниците на задните седишта во возилото. Зголемен е и обемот на багажникот – до 480 литри, додека вкупната маса на возилото е редуцирана со просек од 85 килограми.

Погонските агрегати се слични со оние кај каросериските „A5“ и „S5“. Тоа се бензински „TFSI“ и дизел „TDI“ мотори, како и „TFSI g-tron“ агрегат погодна да работи со метан.

petka 004

Моторите на „A5 Sportback“ развиваат меѓу 170 и 286 КС, а од „Audi“ прецизираат дека тие се за 17% помоќни од неговите претходници, а во исто време трошат 22% помалку гориво. Тие се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен автоматски менувач со два конектори.

Исклучок прави само најмоќната дизелска верзија, за која е предвиден 8-степен вендинг „ZF“. Со него е опремена и спортската модификација „Audi S5 Sportback“, кој се потпира на 3.0-литарски бензински турбомотор со 354 КС. Кај неа забрзувањето од 0 до 100 km / h трае 4,7 секунди, а просечната потрошувачка на гориво е 7,3 l / 100 km.

petka 005

Во 2017-та година компанијата ќе понуди и уште побрза и помоќна верзија на моделот – „RS5 Sportback“. Таа ќе добие 3,0-литарски твин-турбо V6 бензински мотор, кој ќе развива моќност од 450 КС.

petka 006

Цените на „A5 Sportback“ во Германија почнуваат од 37.800 евра, додека верзијата „S5 Sportback“ има минимална цена од 62.500 евра. Јавната премиера на автомобилите ќе се одржи во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП