13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Land Rover Discovery ќе пристигне во Париз

Новиот Land Rover Discovery ќе пристигне во Париз

par land 00

„Land Rover“ ја објави првата фотографија од новата генерација на моделот „Discovery“, пред светската премиера на овој автомобил.

Новиот „Discovery“ во суштина претставува продукциска верзија на коцептното возило „Discovery Vision“, кое „Land Rover“ за прв пат го прикажа на саемот за автомобили во Њујорк 2014-та година. Овој концепт веќе послужи како основа за помалиот „Discovery Sport“, a сега дојде ред и на стандардниот „Discovery“.

На фотографијата се гледа само „лицето“ на автомобилот, но е познато дека фабриката одлучи значително да го модернизира дизајнот на возилото, па така исчезна каратеристичната коцкаста форма, која ги красеше првите 4 генерации.

Новиот „Discovery“ е поставен на алуминиумска механичка платформа, што допринесува автомобилот да биде полесен од својот претходник.

„Land Rover“ фотографиите и спецификациите од ова возило ќе ги објави на 28-ми септември, пред стартот на саемот во Париз (од 1-ви до 16-ти октомври).

par land 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП