Иако од „Google“ неодамна објавија дека се откажуваат од проектот „Ara“, модуларниот телефон за кој некои сметаа дека во целост би можел да направи револуција и да го промени овој пазар, но оваа компанија се смета да се отаже од пазарот на мобилни телефони.
Покрај тоа што на овој пазар доминира кога станува збор за оперативните системи, „Google“ досега еднаш годишно претставуваше еден или два модели на смартфони од серијата „Nexus“ која ја развиваа со партнерите, како што се „Samsung“, „HTC“, „LG“ и „Huawei“, па обично ова беа првите модели на кои беа испорачани новите верзии на „Android“.
Доколку може да се верува на бројните гласини кои последниве неколку недели се појавуваат на интернет, „Google“ се откажува од брендот „Nexus“ па новите модели на паметни телефони ќе бидат претставени под брендот „Pixel“.
Oвој бренд се користи за „премиум“ уредите на „Google“, како што се „Chromebook“ („Pixel“ и „Pixel 2“) и таблетот („Pixel C“), па така од идните паметни телефони можеме да очекуваме одличен хардвер и спецификации, како што денеска може да се видат во најмоќните телефони на пазарот.
Од оваа компанија можеме да очекуваме модел „Google Pixel“ кој ќе има екран со дијагонала од 5 инчи и поголем модел „Pixel XL“ кој ќе има 5,5 инчен екран. За нивниот развој ќе би требало да биде задолжен „HTC“, па се очекува дека двата модели ќе работат на истиот моќен процесор (најверојатно „Snapdragon 820“), ќе има 4GB RAM, додека поголемиот модел би требало да има и помоќна батерија. На интеренет се појавија и информаци дека моделот „Pixel XL“ ќе биде со предна камера од 8MP од „Sony“, додека на задната страна ќе има (исто така на „Sony“) камера од 12MP – за моделот „Pixel“ нема информации за камерите, но можеме да очекуваме исти камери.
Официјално претставување на овие уреди (кога ќе бидат познати сите детални ифнормации за хардверот, камерите, дизајнот, цените и друго) го очекуваме на 4-ти октомври кога би требало „Google“ би требало да го претстави и новиот модел „Chromecast“ и првиот модел на очила за виртуелна реалност „Daydream VR“.