9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа 20 години продадени повеќе од 5 милиони примероци на Octavia

За 20 години продадени повеќе од 5 милиони примероци на Octavia

sok 00

Првиот примерок на „Škodа Octaviа“ беше произведен на почетокот на септември 1996-та година. Две децении подоцна, овој модел е најзначајниот и најпродаваниот автомобил во гамата на чешкиот производител.

Развојот на компактниот модел на „Škodа“ започна во 1992-ра, една година откако „Volkswagen“ групацијата ја превзема фабриката.

Поставена на новата „VW“ платформа, која ја дели со „Golf 4“, „Octavia“ првата генерација започна да се изработува 4 години подоцна, а првите примероци од новата „Škodа“ до своите сопственици пристгинаа веќе истата, 1996-та година.

sok 01

„Škoda Combi“ (караван верзија) беше претставена во 1998-ма, a една година подоцна можеше да се нарача и во верзија со погон на сите 4 тркала.

Иако втората генерација беше лансирана во 2004-та, „Octavia I“ се произведуваше се до 2010-та година. До тогаш на купувачите им беа испорачани околу 970.000 седани и 470.000 каравани.

sok 02

Во периодот од 2004-та до 2013-та се изработени 1,6 милиони автомобили од втората генерација, од кои дури 900.000 каравани.

Третата генерација, која пристигна на пазарот во ноември 2012-та, ја потврди репутацијата на „Octaviа“ како најпопуларен модел на „Škodа“. Покрај во Чешка, овој автомобил се изработуваше и во погони во Русија, Казахстан, Индија и Кина, а досега од фабриките има излезено преку 5 милиони примероци на „Octavia“ од сите три генерации.

sok 03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП