2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите градови за живеење во светот (фото)

Најскапите градови за живеење во светот (фото)

ragr 00

Секоја година „Economist Intelligence Unit“ ја објавува својата листа за најскапи градови за живеење во светот. Во изминатата година во рангирањето на листата се забележуваат сериозни поместувања, но генерално првите места повторно се окупирани од вообичаените кандидати.

Погледнете кои се Топ 9 најскапи градови во светот, објавени од страна на „Business Insider“.

9. Сеул, Република Кореја

ragr 099

Главниот град на Јужна Кореја се искачува на листата благодарение на високите цени на облеката, како и големите сметки за комунални услуги во градот. Според EIU „издршката за живот во Сеул во моментов е на нивото на Копенхаген и Лос Анџелес“

8. Копенхаген, Данска

ragr 08

Копенхаген го задржува осмото место на листата поради високото ниво на издржување наспроти плаќањето.

7. Њујорк, САД

ragr 077

Во извештајот на „EIU“ се вели дека „најскапиот долар и локалната инфлација прават така што животот во Њујорк да биде релативно поскап од другите градови во листата“. На пример, просечната цена за килограм леб во „Големото јаболко“ е 8.28 долари – над два пати повеќе од цената во рангираниот град на првото место.

6. Лондон, Велика Британија

ragr 06

Во Лондон се забележува застој во однос на платите и тоа во услови на постојано растечки инфлација и цени на имотите. Просечната цена на имотот во англиската престолнина е доста над 500.000 фунти, додека просечната годишна плата се движи околу 30.000 фунти.

5. Париз, Франција

ragr 05

„EIU“ забележува дека поради ниската доверба во еврото, француската престолнина е единствениот град од Еврозоната во топ 10 најскапи градови. И покрај слабата валута сепак, Париз останува исклучително скап за живеење и единствените производи кои се продаваат по разумни цени, се алкохолот и цигарите, гласи оценката на „EIU“.

4. Женева, Швајцарија

ragr 04

Практично сè е скапо во Женева, дури и забавните и рекреативни активности, констатира извештајот на „EIU“.

3. Хонгконг

ragr 03

Хонгконг се искачува со седум места на листата, благодарение на исклучително високите цени на недвижностите и зголемувањето на трошоците за живот.

2. Цирих, Швајцарија

ragr 02

Според „EIU“ искачувањето на Цирих до второто место на листата се должи најмногу на одврзувањето на швајцарскиот франк од еврото, како и на „повисоките приходи и ценовни нивоа“.

1. Сингапур

ragr 01

Островот град-држава во југоисточна Азија го задржува првото место во рангирањето веќе трета година по ред. Сепак, извештајот на „EIU“ забележува дека предноста на Сингапур пред градови како Њујорк и Хонгконг речиси “испари” поради зголемените трошоци за живот и на другите места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП