„Renault“ објави нови фотографии до „Scenic“ и „Grand Scenic“ пред стартот на продажбата на овие две „MPV“ модели на европскиот пазар.
Четвртата генерација „Scenic“ имаше светска премиера на авто-саемот во Женева, на почетокот на март, а неколку месеци подоцна беше претставена и продолжената верзија на овој автомобил со седум седишта.
Првите примероци пристигнуваат во продажните салони во Франција, во средината на октомври, а потоа ќе се најдат и на останатите пазари во европските земји
Француските купувачи можат да изберат меѓу два 1.2-литарски „Tce“ бензинци со 115 ks и 130 ks, кај кои моќта на тркалата се пренесува со помош на шестбрзински мануелен менувач.
За оние кои преферираат дизел агрегати, на располагање е „dCi“ со 95 ks, кој исто така е поврзан со шестбрзински мануелен менувач, додека „dCi“ верзиите се со 110 ks, 130 ks i 160 ks, освен со овој менувач се нудат и верзии со шестстепен или седумстепен автоматски со двојно квачило.
Пакетите на опрема тргнуваат во распон од најнискиот „Life“, преку „Zen“, „Business“ и „Intens“ линијата, се до топ верзијата – „Edition One“.