6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXperia Agent e персоналниот роботски асистент на Sony (видео)

Xperia Agent e персоналниот роботски асистент на Sony (видео)

asistent 353

Компанијата „Sony“ на Саемот „IFA“ во Берлина го претстави персоналниот роботски асистент кој се нарекува „Xperia Agent“.

Кога „Sony“ минатиот пат го претстави малиот домашен персонален роботски асистент „Xperia Agent“, тој немаше екран, но новиот модел сега поседува,а „научил“ и неколку нови трикови.

Станува збор за уред кој се уште е во концептна фаза, но неговите можности во домнаќинството се се поголеми како што се доближува почетокот на производството. „Sony“ демонстираше поврзување на „Xperia Agent“ со паметниот апарат за кафе на „Nestle“, кој го сервира напитокот по команда.

Покрај поврзувањето со апаратите за домаќинство, „Xperia Agent“ на екранот прикажува различни информации како што се времето и временските услови. Над екрано се наоѓа камера која озвоможува видео разговори.

„Sony“ го замислува својот уред како жива роботска вештачка интелегенција која помага и дава различни корисни информации на домаќините и ја намалува потребата на мобилниот телефон.

Овој пат „Sony“ не демонстрираше можност за проекција на својот уред, како што тоа беше случајот на „Mobile World Congress“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП