18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft ќе работи на попаметни ладилници

Microsoft ќе работи на попаметни ладилници

мицро-ладил

Американската информатичка компанија „Microsoft“, објави дека со германскиот партнер „Liebherr“ соработуваат на производство на паметни ладилници, коишто ќе можат да ги препознаваат продуктите.

Благодарејќи на оваа соработка настанал прототипот наречен „SmartDeviceBox“, комуникациски модул кој се вградува во ладилниците и уредите за длабоко замрзнување на „Liebherr“, објави во петокот „Microsoft“ на својот блог.

Преку овој модул ладилникот може да се приклучи на интернет и воедно овозможува да се види и направи список на неговата содржина, благодарејќи на камерата која е споена на технологиите за автоматско препознавање на објекти.

„Така, системот препознава поедини продукти во ладилникот. Информациите автоматски се испраќаат на списокот со продуктите во фрижидерот кој потрошувачот може да го прегледува од кое и да е место“, истакнуваат од „Microsoft“.

Американската компанија наведува дека нејзините инженери осмислиле нови систем за обработка на снимките којшто може да ги пронајде поедините продукти во ладилникот. Базирајќи се на банка од сними, ладилникот може да препознае цела низа продукти, како што е млеко во тетрапак, пакувања со кечап, тегли со кисели краставички….

Од „Microsoft“, исто така, истакнуваат дека иако станува збор за прототип, технологијата применета во овој проект ја развиваат многу брзо.

„Liebherr и Microsoft активно ги усовршуваат овие технологии, за новата генерација ладилници да бидат паметни уреди кои не само што ќе ги чуваат продуктите на студено, туку ќе ни помогнат интерактивно да управуваме со нашите продукти“, се додава во објавата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП