За многумина е тешко да се навикнат дека „Motorola“ веќе припаѓа на кинеската компанија „Lenovo“. Ова сепак не ја спречува американската компанија да продолжи да пушта квалитетни производи.
Запознајте се со „Motorola Moto Z Play“!
Слично на случајот со „Moto X Play“, технички новиот уред е недостоен спрема своите „позрели браќа“ („Moto Z“ и „Moto Z Force“). Тој сепак заслужува внимание, макар да нема шанса да влезе во топ листите за најпривлечни смартфони на годината.
„Moto Z Play“ доби 5.5-инчен „FullHD“ екран, процесор „Snapdragon 625“, 3 GB на RAM и 32 GB внатрешна меморија, 16 мегапикселна задна камера, а овој пат компанијата одлучи да ја користи технологијата „dual focus“. Таа овозможува истовремена работа со фазен и ласерски автофокус. Камерата автоматски се префрла на совршен начин за фокусирање, во зависност од условите во кои фотографирате. На пример, ласерското фокусирање се користи при лоши светлосни услови. Во светло и сончев ден најдобро е да користите фазен автофокус.
На предниот дел на уредот ќе видите широко аголна 5-мегапикселна камера, до која е позициониран „LED“-блицот. Сега „Google Photo“ се користи во квалитетот на стандардна галерија.
„Moto Z Play“ ужива и во батеријата со капацитет од 3510 mAh. За споредба, „Moto X Play“ има повеќе (3630 mAh). И покрај овој факт, претставниците на „Lenovo“ тврдат дека со едно целосно полнење на батеријата новиот уред работи многу подолго – 50 часа во мешан режим. Покрај тоа вреди да се напомене дека смартфонот има брзо полнење, па за само 15 минути можете да го продолжите животот на уредот со уште 10 часа!
Најверојатно „Moto Z Play“ ќе биде пуштен во продажба на меѓународниот пазар во октомври, а неговата цена ќе изнесува 449.99 долари.
Покрај „Moto Z Play“ беше претставен и модулот „Hasselblad True Zoom Moto Mod“. Станува збор за 12-мегапикселна камера со големина на пикселите 1,55 микрони и „Xenon“ блиц. Не треба да не го спомнуваме нешто толку важно како 10-кратниот оптички зум. Модулот тежи 145 грама.
Модулот „Hasselblad True Zoom“ ќе се продава по цена од 249.99 долари.