4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit ќе продава нефункционални кредити вредни 20 милијарди евра

UniCredit ќе продава нефункционални кредити вредни 20 милијарди евра

unicredit-banca-324

Италијанската банка „UniCredit“ размислува да пушти во продажба нефункционални кредити во вредност од 20 милијарди евра, поддржани од државни гаранции.

Продажбата е една од можностите за кои разговараше раководството на финансиската институција. Според инсајдерите веќе недели се шпекулира за можна таква продажба. Тие се засилија откако лондонскиот финансиски медиум „Debtwire“ соопшти пред неколку дена соопшти за намерата на „UniCredit“.

Пазарите се уште ја доживуваат новата италијанска шема за обезбедување на јавни гаранции на финансирање. Банката „Popolare di Bari“ позајми 500 милиони евра, што беше првата успешна трансакција, користејќи државни гаранции.

Расчистувањето на портфолиото со лоши кредити може да биде придружено од продажба на средства во Централна Европа, и особено банката „Pekao“, која е предмет на преговори меѓу сопственикот „UniCredit“ (удел од 40.1%) и полската финансиска институција „Pzu“. Двете страни во преговорите се состанаа минатата недела во Милано, за да разговараат за продажбата, која може да вклучува учество на посебен финансиски механизам – Полскиот фонд за развој. „Pzu“ сака да го купи „Pekao“ до октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП