13 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 03-04.09.2016

Викенд хороскоп 03-04.09.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Наместо да ги решавате љубовните проблеми на пријателите, викендов би било добро да размислите за себе и за својот статус. Размислувањето за една платонска љубов нема да ве одведе никаде. Овој викенд е идеален да преземете конкретни чекори. Иако неделава имавте многу трошоци, сепак повикајте ја симпатијата и излезете некаде.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вие не сакате промени и најзадоволни сте кога можете да ја контролирате секоја ситуација. Овој викенд ќе го поминете во друштво на вашата стара љубов. Врската ви е стабилна и најубаво се чувствувате кога се поминува без изненадувања. Ако сте во брак, овие два дена ќе ви поминат во дружење со пријателите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

За викендов му приготвувате изненадување на партнерот. Вам партнерските односи многу ви значат и ќе направите се за да внесете романтика во врската. Внимавајте во комуникацијата. Може да се случи да кажете нешто што не треба и со тоа да го расипете изненадувањето.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

За жал, вашето семејство подобро ги оценува вашите партнери од вас. Овој викенд ќе сфатите колку биле во право. Наместо да го поминете викендот во убаво расположение и да излезете во некое кафуле, вие ќе бидете сами. Партнерот ќе најде изговор и ќе ве остави да размислувате дали да продолжите или да прекинете.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во душата носите некој позитивен немир кој што ве тера напред. Имате големи планови и не ви недостасува амбиција. Викендов ќе одморите и ќе соберете енергија за наредниот период. Големите планови ќе бараат ваш потполн ангажман и поради тоа искористете го овој викенд на најдобар можен начин.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

За време на викендот ќе имате потреба да се одморите во кругот на семејството. Чувството на нервоза и меланхолија ви ја одзема енергијата и викендот е вистинско време да ја обновите и да се вратите во форма. Овие денови ќе имате и зголемена потреба за храна.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

За време на викендот најдобро би било да останете дома. Ако сепак планирате некое патување, бидете многу внимателни. Можно е да имате непријатности во врска со автомобилот. Не создавајте дополнителни тензии.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Самодовербата и расположението ви зависат од финансиите. Како ви се зголемуваат финансиите, така вашето его се зголемува. Викендов ќе бидете во полна форма. Доколку патувате, ве очекува убаво дружење.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Првиот ден од викендот ќе го поминете работно. Доколку се занимавате со промет на недвижнини, можно е да склучите поволен договор. Работата ви тргнува во позитивен правец и поради тоа потрудете се да го искористите моментот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Овие неколку дена обидете се да не давате повод на партнерот за љубомора. Периодов ви е многу добар за финансии, но партнерските односи ви се нарушени. Партнерот се обидува да го контролира секој ваш чекор и тоа ви создава нервози. Ќе морате да настапувате малку потактично и да не одговарате остро на љубомората на партнерот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку сте во постојана врска или брак ситуацијата е идеална. Потрудете се да не ја нарушите таа хармонија што сте ја стекнале со многу компромиси и голем труд. Бидете внимателни, затоа што една личност од вашето минато ќе се обиде да стапи во контакт со вас. Можеби таа ситуација ви се допаѓа и го храни вашето его, но ќе морате да размислите колку таа личност моментално ви е потребна во животот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку сте невработени, викендот ќе ви отпочне со една вест која навистина ќе ве израдува. Се работи за понуда за работа која ќе ви внесе голема надеж. Понудата е добра и ќе треба да ја прифатите затоа што таа ќе претставува нов почеток за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП