4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИрската влада ја поддржа жалбата на Apple

Ирската влада ја поддржа жалбата на Apple

ejpl

Ирската влада ја поддржа во петок жалбата на Apple на барањето на Европската комисија(ЕК) со кое на овој американски технолошки гигант му се налага во ирскиот буџет да уплати 13 милијарди евра, на име намалени даночни обврски.

Владиниот портпарол рече дека, во врска со таа одлука, ирската влада следната недела ќе бара од парламентот да ја поддржи жалбата.

Министерот за финансии Мајкл Нонан постојано истакнуваше дека Даблин ќе ја оспори евентуалната неповолна одлука уште откако во 2014 година Европската унија(ЕУ) покрена истрага за даночните аранжмани на американскиот технолошки гигант во Ирска. Таквиот став го образложуваше со аргументот на заштита на даночниот режим кој во Ирска привлече голем број мултинационални компании.

Но, на владина седница во средата министерот не успеа да ја убеди групата независни пратеници, чија поддршка е клучна за малцинската ирска влада, да ја поддржи борбата против барањето на ЕК, Apple на Ирска да и уплати 13 милијарди евра на име на намалени даночни обврски.

Главната ирска опозициона партија исто се противи на одлуката на Брисел. Од тие причини, владата не би требало да има проблеми во парламентот да добие пратеничка поддршка за жалбата на одлуката на ЕК

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, во четврток предупреди дека владата во Даблин ќе испрати погрешна порака до компаниите доколку не ја поддржи нивната жалба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП