6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве ја новата генерација на Kia Rio (фото)

Еве ја новата генерација на Kia Rio (фото)

kiario 00

„Kia“ ја откри предпремиерно целосно новата, четврта генерација на хечбекот „Rio“. Моделот ќе биде претставен пред публика на 29-ти септември во Париз, а продажбата ќе стартува на крајот на годината.

Од официјалните фотографии станува јасно дека моделот е исполнет според новиот дизајн на корејската марка. Тој е изработен од дизајнерските центри на марката во Германија и Калифорнија, во тесна соработка со главната база за проектирање и дизајн на „Kia“ во Намјанг, Кореја.

kiario 01

Предниот дел на моделот се карактеризира со последната верзија на препознатлив решетка „тигар нос“. Предните „LED“ светла се со „U“-форма, а светлата за магла се наоѓаат повисоко во предниот браник за подобра осветленост на патот и импозантна визија, станува јасно од информациите. Позади пак гледаме речиси чиста форма, вертикална позиција на задното стакло, пократка настрешница и „LED“ стоп светла.

kiario 02

Промените во профилот на четвртата генерација „Rio“ вклучуваат продолжена хауба, 10 мм подолго меѓуоскино растојание (до 2.580 мм), исправена „С“-колона и засечениот заден препуст. Новиот автомобил е за 15 мм подолг (4.065 мм) и 5 ​​мм понизок (1.450 мм) од својот претходник.

Во склад со надворешноста, Ентериерот на моделот демонстрира прави линии кои ја препокриваат формата на таблата што е ориентирана кон возачот. Информативниот систем за забава „HMI“ (human-machine interface) е со екран кој е со високо резолуција и е осетлив на допир, а преку него се управува со аудио и навигациониот систем, како и функциите за поврзување.

kiario 03

Информациите за опремата е ограничена, но од „Kia“ велат дека новиот „Rio“ ќе понуди водечка во сегментот практичност, високотехнолошки системи за безбедност, последната технологија за поврзување и напредно управување.

Сите детали за моделот ќе станат познати кон крајот на месец септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП