2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската марка се врати во онлајн трговија

Германската марка се врати во онлајн трговија

statt-bitcoins-nimmt-hertie

Онлајн продавницата „Hertie.de“ повторно прифаќа плаќања во германски марки. Во интервју маркетинг директорот Клаус-Мартин Мејер вели дека идејата наскоро ќе биде прифатена и од други компании во земјата.

Според Германската федерална банка најмалку 12.76 милијарди германски марки се уште во оптек во земјата. Но оваа импресивна маса од стари банкноти може да се стопи како „Мајски снег“ во годините што доаѓаат.

Причината е дека компании како „Hertie.de“ прифаќаат плаќања во традиционалната валута.

„Ние ги менуваме така добиените пари во централната банка, која потоа ги запира од оптек“, објаснува Мејер.

Идејата била инспирирана од компанијата „HDK AG“ со седиште во Оснабрик, Долна Саксонија, и позната од 2012-та година под името „Hertie“. Таа им текнала на екипата од слушателите на кои очигледно не им недостасува креативното размислување.

„Трговската куќа „C & A“ веќе прифаќа плаќања во германски марки. Зошто традиционалните продавници секогаш треба да се инспирираат од онлајн продавници? Што ако ги смениме улогите? Ни останува само да ја прилагодиме оваа форма на плаќање кон потребите на онлајн трговија. Откако претходно ќе ги добиеме банкнотите од нашите клиенти, ние им испраќаме во замена купони за да можат да прават купувања во нашата онлајн продавница“, раскажува Мејер.

Некои германски медиуми сметаат дека оваа форма на плаќање може да биде само краткорочно решение пред виртуелната валута биткоин да влезе конечно во оптек. Но Мејер не го дели ова мислење.

„За момент го сметаме тоа за дополнителна опција. Нема „или-или“, вели тој. И додава дека идејата на неговата компанија да прифаќа плаќања во марки барем онлајн, несомнено може да биде прифатена во иднина и од други германски компании.

„Тоа би било дополнителна предност. Ако е така, изреката „конкуренцијата го стимулира бизнисот“, може повторно да се покаже точна“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП