4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPernod Ricard оствари раст на профитот од два проценти

Pernod Ricard оствари раст на профитот од два проценти

ricard3535

Вториот најголем производител на алкохолни пијалоци во светот – „Pernod Ricard“, забележа годишна добивка во согласност со оценките на аналитичарите по подоброто претставување во Шпанија и САД. Компанијата предвидува раст на профитот во оваа фискална година, соопштува „Bloomberg“.

Оперативната добивка на „Pernod Ricard“ порасна до 2,28 милијарди евра во 12-те месеци до крајот на јуни, соопшти компанијата со седиште во Париз. Растот е 2% на органска база. „Pernod“ очекува раст меѓу 2% и 4% за оваа година.

„Во контроверзната средина очекуваме да продолжиме да се претставуваме уште подобро на годишна основа од бизнис гледна точка“, рече главниот извршен директор Александар Рикард.

„Pernod Ricard“ купи мали, но брзо растечки брендови како џинот „Monkey 47“, откако продажбата на водечката марка – водката „Absolut“, во САД бележи пад во последните години.

Рикард, кој е третата генерација претставник на фамилијата, се обидува да продаде и повеќе коњак „Martell“ и виски „Chivas Regal“ на развиената средна класа во Кина. Побарувачката на луксузниот коњак во земјата се намали по владината антикорупциска акција, која ја погоди сите производители на алкохолни пијалаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП