2 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz GLC Coupe доби AMG верзија (фото+видео)

Mercedes-Benz GLC Coupe доби AMG верзија (фото+видео)

mamg 00

Најновиот претставник на спортската линија „Mercedes-AMG“ е кросоверот „GLC Coupe“. Моделот ја носи ознаката „43“, а развива моќност од 367 КС.

Новиот спортски кросовер е управуван од истиот 3.0-литарски би-турбо бензински „V6“ мотор кој го познаваме од верзијата „GLC 43 4Matic“. Моторот е во комбинација со 9-брзински автоматски менувач „9G-TRONIC“ и систем за погон на четири тркала „4Matic“, а развива 367 КС и 520 Нм.

mamg 01

Исто како кај останатите модели од умерената „AMG“-линија, „43“ системот за погон на четири тркала е поставен да пренесува поголем вртежен момент на задните тркала – во сооднос 31:69, а преносот располага со режим за побрза промена на брзините.

mamg 02

Сето ова овозможува на „GLC 43 4Matic Coupe“ да забрзува од место до 100 км/ч за 4,9 секунди, а максималната брзина на движење е електронски ограничена на 250 км/час. Просечната потрошувачка според европскиот метод за мерење е 8,4 л/100 км.

mamg 03

Кросоверот е опремен исто така со наштимана шасија и со воздушната адаптивна суспензија „AIR BODY CONTROL“. Достапни се уште спортски сопирачки со 4-клипови напред, како и управувачкиот систем кој ги менува карактеристиките во зависност од брзината на движење.

mamg 04

За „GLC 43 4Matic Coupe“ е подготвен и препознатлив дизајн, покажувајќи 19- или 21-инчни тркала, уникатна маска, издувен систем со 4 крајни цевки и друго. Спортската атмосфера во внатрешноста е нагласена со нов волан, спортски предни седишта, карбон елементи, црна кожа со контрастни елементи, црвени заштитни за автомобилите и друго.

mamg 05

Јавната премиера на „Mercedes-AMG GLC 43 4Matic Coupe“ ќе се одржи на крајот на месецот за време на автосаемот во Париз. Продажбата во Европа ќе започне во декември, а на останатите пазари моделот ќе биде достапен од почетокот на 2017-та година.

mamg 06

Се очекува моделот да биде проследен со уште спортска верзија. Таа ќе ја добие ознаката „63“, а ќе се потпира на „V8“ мотор со над 500 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП