24 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Како се развива музичкиот стриминг?

График на денот: Како се развива музичкиот стриминг?

ras3

По неколку години застој или падови глобалната музичка индустрија минатата година конечно се врати кон раст, коментира „Statista“.

Според Меѓународната федерација на музичката индустрија „IFPI“ музичките приходи се зголемени од 14,5 милијарди долари во 2014-та година до 15 милијарди долари во минатата година. До крајот на 2015-та година, бројот на платените корисници на музички стриминг услуги е зголемен до 68 милиони лица, а наскоро не се очекува овој тренд да престане.

Приходите од стриминг услугите достигна 2,9 милијарди долари вои минатата година, а услугите за повикување формираат околу 80% од сите услуги. Иако персонализираните поддржани од рекламни онлајн радио услуги, како „Pandora“ сигурно се одразија позитивно на музичкиот стриминг, токму услугите на барање (on-demand) како „Spotify“ или „Apple Music“ се оние кои го направија стримувањето толку раширено.

Ако го погледнеме растот на приходите од претплата на стриминг услуги, не е изненадувачки дека се повеќе компании сакаат парче од тортата. Како „Amazon“, така и „Pandora“ се се поблиску до лансирањето на нови услуги, кои ќе го направат веќе посилниот конкурентен пазар уште преполн.

ras4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП