1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКрај за брендот Nexus

Крај за брендот Nexus

se nex33

Следните телефони на „Google“ повеќе нема да го користат името „Nexus“, а со брендот ќе има промени и во софтверот и пристапот кон уредите. Новото име се уште не е познато, но најверојатно ќе е името на компанијата, соопштува интернет изданието „AndroidCentral“, повикувајќи се на свои извори во интернет гигантот.

Во последните неколку години „Google“ одбираше наизменични производители на „Android“ уреди, за да ги прават телефоните од серијата „Nexus“. Тие беа составени претежно од „Google“, по филозофијата на компанијата како треба да изгледа и функционира еден телефон со нејзиниот оперативен систем.

Се очекуваше следните модели од серијата да бидат произведени од „HTC“. Ова, сепак, ќе е така, но телефоните нема да го користат името „Nexus“, ниту дури „HTC“. Според изданието, брендирањето на производителот нема да се става на куќиштето на уредот, а туку само тоа на „Google“ и на новото име на серијата, кое што се уште не е познато.

Друга новина кај смартфоните ќе е промената на интерфејсот. Досега моделите од серијата „Nexus“ користеа стандарден „Android“ без никакви дополнувања и промени. Новата серија сепак ќе располага со функции и апликации кои ќе се нудат само во нејзините модели. Тоа е и една од причините да се стави крај на „Nexus“.

Очекувањата се дека новите телефони ќе бидат претставени оваа есен. Како и секогаш, компанијата не коментира на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП