19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW работи на купе Series 7

BMW работи на купе Series 7

k300

Компанијата „BMW“ почна со развој на луксузно купе, кое ќе стане дел од семејството „Series 7“. Автомобилот ќе се појави на пазарот не подоцна од 2019-та година, објави агенцијата „Bloomberg“, повикувајќи се на свои извори.

Засега нема технички детали за идниот модел на Баварците. Во компанијата сепак се надеваат со негова помош да успеат да се изборат за клиенти со „Mercedes-Benz“, кој ја нуди својата „S-Class“ во неколку верзии – стандарден и продолжен седан, купе и кабриолет.

Според информациите на „Bloomberg“ во „BMW“ се незадоволни од продажбата на новата генерација на „Series 7“, а тоа се должи најмногу на некои недостатоци во дизајнот. Токму тој ќе биде подобрен кај новиот модел.

Веќе се знае дека баварците работат и врз луксузен автомобил, кој ќе мора да се натпреварува со „Mercedes-Maybach“. Тој најверојатно ќе го носи името „Series 8“, а тоа е веќе патентирано од производителот од Минхен. Во „BMW“ се чуваат неколку трговски знаци за новото семејство, меѓу кои се „M850“ и „M8“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП