13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAcer го претстави најтенкиот лаптоп во светот (видео)

Acer го претстави најтенкиот лаптоп во светот (видео)

swift

„Acer“ претстави нова серија тенки лаптопи на европскиот саем за потрошувачка техника „IFA“ кој денеска започна во Берлин.

Предводник на серијата „Swift“ е 13,3-инчниот „Swift 7“, кој се одликува со тоа што е првиот лаптоп со дебелина под еден сантиметар. Со своите 9.33 мм, лаптопот на „Acer“ ја превзема на досегашниот носител на титулата „најтенок лаптоп во светот“ – „HP Spectre“ (10,4 mm).

Моделот тежи само 1,1 килограми. Поради својата мала дебелина, „Swift 7“ е опремен само со USB-C 3.1 порта и аудио приклучок. Во однос на хардверските спецификации сепак компромиси не се правени – „Swift 7“ е придвижуван од „Intel Core i5“ од седмата генерација и има 8 GB RAM и 256 GB SSD.

swift1

Покрај тоа „Acer“ ветува дека батеријата на моделот ќе издржи до 9 часа без полнење. Уредот ќе биде пуштен во продажба во октомври по цена од 999 долари во САД (1299 евра во Европа).

Серијата „Swift“ вклучува и три модели од пониска класа, кои ќе се продаваат по цени од 249, 499 и 749 долари.

a cer 01

Но со тоа изненадувањата од страна на „Acer“ не завршуваат тука. Компанијата претстави уште и 21-инчен модел со заоблен екран, насочен кон гејмерите. Тежина е околу 8 килограми, а уредот доаѓа со две графички картички „GeForce GTX 1080“, вградена механичка тастатура и до 64 GB меморија. Моделот одржува максимална резолуција од 2560 x 1080 пиксели, а екранот ја има технологијата „NVIDIA G-Sync“. Моделот кој се нарекува „Predator 21 X“, ќе дебитира на пазарот во 2017-та година.

Конечно Acer претстави и серија хибридни уреди „Spin“, комбинирање на функционалноста на таблет и лаптоп. Предводникот, моделот „Spin 7“ е со дебелина од 10.94 мми 14-инчен екран на допир. Конфигурацијата вклучува уште процесор „Intel Core i7“ од седмата генерација, 256 GB SSD диск и до 8 GB меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП