Јапонскиот производител на автомобили, „Toyota“ објави дека во текот на 2012-та година за првпат продале повеќе од еден милион хибридни возила во една година.
Компанијата соопшти дека продале точно 1.219.000 хибридни автомобили, и тоа пред се благодарејќи на светскиот успех на „Prius“ и успехот во Јапонија на новото возило „Aque“.
Тие исто така нагласија дека хибридите претставуваат 14 проценти од вкупната продажба на автомобили во 2012-та година кои излегоа од фабриката на овој јапонски гигант.
Хибридните модели имаат класичен мотор на бензин, но вклучуваат и електричен мотор кој се снабдува со енергија од акумулатор кој е на полнење додека возилото се движи, кочи или спушта надолу по падина. Тоа заедно доведува до намалување на потрошувачката на гориво.
Портпаролот на „Toyotа“ нагласи дека тие имаат во план во 2013-та година да продадат 1.25 милиони хибридни возила.