13 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.08.2016

Дневен хороскоп 31.08.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Чувствувате дека веќе не сте во состојба да молчите за проблемите кои ве следат во работата. Периодот зад вас беше напорен и со многу невидливи пречки. Денес ќе осетите дека е завршено со премолчувањата и јасно ќе го изнесете својот план.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Финансиската ситуација ве оптоварува и ве тера на размислување. Денес ќе барате излез од ситуацијата, но ќе останете без идеи. Ситуацијата на работното место ви е напорна и тоа дополнително ве оптоварува. Имате желба да избегате некаде и да се препуштите на соништата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате осет дека се будите во ист ден. Сите денови ви наликуваат еден на друг и никако да се случи нешто што ќе ја смени ситуацијата. Денешниов ден повторно ќе ви донесе нејасна ситуација на работното место и чувство дека нешто се крие од вас. Единствено партнерот може да ве разниша со некоја остра забелешка.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вие сметате дека проблемите не постојат доколку ги турнете под тепих. Меѓутоа, ќе се случи токму спротивното. Проблемите што сте ги сокриле, денес ќе морате да почнете да ги решавате. Во домот атмосферата е вжештена и домашните очекуваат да преземете некоја акција за да ги ослободите од притисоците што ги чувствуваат.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес на работното место ќе се обидете да бидете весели и расположени. Ќе се однесувате како ништо да не ве допира. Вашите колеги се навикнати на вашето променливо расположение и ве прифаќаат онакви какви што сте. Со партнерот ви претстои многу сериозен муабет во врска со финансиите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе се разбудите полни со енергија. Чувствувате дека е дојдено времето да почнете да ги реализирате своите цели. За почеток ќе направите план да си се посветите себеси и да го надоместите пропуштеното. Внимавајте да не претерате и да не почнете да се однесувате импулсивно.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате проблеми, но не знаете од каде доаѓаат. Ќе чувствувате немир и ќе водите бескрајни дијалози сами со себе. Освен на невидливите непријатели, лути сте и на партнерот. Мислите дека крие нешто што може да ви наштети и да ја наруши вашата стабилност.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашите пријатели многу убаво се чувствуваат во вашето друштво. Ги сакаат вашите интелигентни досетки и секогаш од вас очекуваат да слушнат некоја нова информација. Но, денес бидете особено внимателни. Можно е да дојде до конфликт помеѓу вас и еден колега, кој сте го сметале за пријател.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате големи амбиции и имате намера високо да се искачите на општественото скалило. Денес ќе почнете да ги реализирате своите цели, но се уште немате јасна концепција како да дојдете до пари. Вашите цели бараат добра финансиска подлога и обезбедување на финансии, не се обесхрабрувајте.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во изминатиот период имавте акумулирано голем стрес. Стресот почна да попушта, но вие се уште чувствувате тензија. Тензијата доаѓа од потребата работата што побрзо да се нормализира. Внимавајте како се однесувате и какви критики им упатувате на колегите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе чувствувате недостаток на енергија на сите полиња. Единствено ќе имате желба да внесете некои новини во работата. Ќе правите планови, но не со намера да делувате веднаш, туку после неколку дена, кога ќе се создадат услови за тоа. Знаете дека морате да смените нешто и во однос на семејството, партнерот и финансиската ситуација.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес очекувајте некои случувања кои ќе бидат многу важни за вашата понатамошна кариера. Веројатно ќе имате намера веднаш да го известите семејството, но сепак причекајте. Ситуацијата е се уште неизвесна и можни се промени преку ноќ. Ситуацијата на работното место е нејасна и постојат многу загатки кои допрва треба да се решат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП