13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle го проширува опсегот на својата Cast технологија

Google го проширува опсегот на својата Cast технологија

cast333

„Google“ вчера објави дека стриминг технологијата „Google Cast“ веќе e целосно интегрирана во веб прелистувачот „Chrome“. Ова е важен чекор во развојот на технологијата која ќе ја направи уште полесна за користење.

„Google Cast“ им овозможува на корисниците да гледаат видео содржини (и други видови на медиумски датотеки) од телефон, таблет или компјутер со телевизор. Тоа се врши преку уредот „Chromecast“, кој чини само 35 долари во САД, и особено мобилната или веб апликацијата.

Интеграцијата на „Google Cast“ директно во „Chrome“ ја елиминира потребата од инсталирање на дополнителен софтвер. Специјалната икона на „Cast“ ги информира корисниците, кога се наоѓаат во сајт кој ја поддржува технологијата, и поврзувањето може да се изврши директно од прелистувачот.

Првата генерација „Chromecast“ беше пуштена во продажба пред повеќе од три години. За овој период уредот доби сериозна популарност, а продажбата изнесува околу 30 милиони примероци.

Според „Google“ емитувањето директно преку „Chrome“ е популарно и пред интеграцијата на технологијата во веб прелистувачот. Компанијата објави дека само во изминатиот месец во прелистувачот се остварени 38 милиони емитувања со вкупно траење од 50 милиони часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП