Одличното пазарно претставување на новиот „Focus RS“ ги натера конкурентите на „Ford“ се повеќе сериозно да размислат за сличен автомобил. Еден од врвните менаџери на „Hyundai“ – Алберт Бурма, кој ја предводи спортската поделба на брендот – „N-Perfоrmance“, призна дека во неговата компанија веќе размислуваат сериозно правење на таква машина.
„Се зависи од тоа каква насока на развој ќе преземеме, но факт е дека работиме на ваквата можност. Не можам да кажам кога ќе бидеме подготвени со таков автомобил, но сигурно тоа ќе се случи. И тоа ќе биде хечбек од сегмент „С“ кој ќе има систем 4х4“, објасни Бурма пред изданието „Autocar“.
Во „Hyundai“ најавија слични намери уште пред една година, а тогаш се тврдеше дека првиот автомобил, доработен од „N Performance“, ќе биде новата генерација на хечбекот „i30“. Според неофицијалните информации, хечбекот ќе добие 2,0-литарски бензински турбомотор со моќност од 260 КС. Како опција за моделот ќе се нуди диференцијал со зголемено триење.
Покрај „i30N“, спортската поделба на корејскиот производител, планира претставување на моќни верзии на моделите од премиум-брендот „Genesis“, кој е во сопственост на „Hyundai“. Првата од нив ќе е спортска модификација на се уште неизлезениот седан „G70“. Тој ќе добие 3,3-литарски твин-турбо „V6“ мотор со моќност од околу 400 КС.