27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple се соочува со парична казна од неколку милијарди евра за даночни...

Apple се соочува со парична казна од неколку милијарди евра за даночни измами во Ирска

irska apple33

Американската технолошка компанија „Apple“ се соочува со потенцијална казна од милијарди евра за даночни измами, откако Европската унија е подготвена да ги објави откритијата од истрагата дали компанијата има склучено договор со Ирска. Одлуката ќе стане позната во текот на денот, тврдат извори запознаени со прашањето, цитирани од „Bloomberg“.

Се очекува одлуката на Европската комисија (ЕК) да е дека Ирска има обезбедено на производителот на „iPhone“ незаконска помош преку договор во замена за создавање на работни места во земјата, посочуваат изворите кои посакале анонимност, бидејќи прашањето е доверливо. Ирска вети дека ќе се бори со сите негативни констатации по прашањето.

Слично решение може да ги зголеми тензиите меѓу Европа и САД во врска со даночните политики, откако САД веќе се пожали на неправедниот однос против американски компании и се заканува со светските даночни реформи.

Во прелиминарните откритија во 2014-та година од ЕК посочи дека „Apple“ има добиено такви услови што на нејзе ќе и дадат финансиски поттик.

Постојат голем број шпекулации за тоа колку може да треба да плати „Apple“. Во најлош случај компанијата може да се соочи со парична казна во износ од 19 милијарди долари, ако владата загуби целосно и е принудена да ги врати даноците од компанијата според аналитичарот на „JPMorgan Chase & Co“, Род Хол. „The Irish Times“ напиша претходно во понеделникот дека износот може да не е многу над 100 милиони евра, иако подоцна ревидираше проценката и го зголеми износот.

ЕК одби да ја коментира одлуката за „Bloomberg“.

„Apple“ изјави дека нема што да додаде на претходните барања, во кои ги отфрли тврдењата дека добила посебен третман од ирските власти. Од Министерството одбиваат да го коментираат прашањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП