28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботењето на НЛБ Групацијата во првото полугодие е профитабилно и стабилно

Работењето на НЛБ Групацијата во првото полугодие е профитабилно и стабилно

nlbbanka

На редовната седница на Надзорниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана одржана на 26-ти август беа презентирани резултатите од работењето на НЛБ Групацијата во првото полугодие од годината, а се усвои и Стратегијата на НЛБ Групацијата до 2020-та година.

НЛБ Групацијата во првото полугодие од 2016-та година оствари 69,5 милиони евра добивка по оданочувањето, што е за 30 отсто повеќе отколку во првата половина од 2015 година. На тој начин таа веќе десетти квартал последователно заврши со позитивен резултат. Со добивка работеа сите банки, членки на НЛБ Групацијата и ја подобрија профитабилноста во однос на истиот период минатата година.

Во областа на клучните активности од работењето (работење со населението, со големи, средни и мали претпријатија во Словенија и работењето на коминтенти на странските пазари) добивката на НЛБ Групацијата се зголеми за 10,5 милиони евра, односно за 18 проценти во однос на истиот период минатата година. Нефукнционалните кредити во првата половина од 2016-та година се намалија за 146,3 милиони евра и на 30-ти јуни 2016-та година изнесуваа 1,75 милијарди евра.

НЛБ Групацијата на крајот од јули 2016-та година покажува високо ниво на адекватност на капиталот во висина од 16,6 проценти и добра ликвидносна позиција. Една од најважните цели останува постојаното подобрување на квалитетот на кредитното портфолио со акцент врз квалитетот на новите пласмани и дисперзираноста на портфолиото.

Во однос на идната стратегија, НЛБ Групацијата е насочена кон подобрување на искуството на корисниците, оптимизација на понудата на продукти, поедноставување на банкарските системи и работењето, како и засилување на дистрибутивните канали и капацитети. Обновувањето на стратегијата вклучува и целосно осовременување и надградба на информатичките системи, со што НЛБ Групацијата ќе обезбеди поеластична, поагилна и трошковно поефикасна ИТ структура. Раководството на НЛБ Групацијата верува дека на тој начин соодветно ќе се подготвиме за предизвиците на дигитализацијата и другите предизвици, со коишто се соочува банкарството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП