20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристички дестинации под нишан

Туристички дестинации под нишан

turist gan3

Туристичките дестинации во кои имаше терористички напади, продолжуваат да забележуваат пад на туристите, покажува анализата на „BBC“.

Според податоците од резервациите во агенциите, Турција ќе биде „најопасната земја“ – од септември до декември 2016-та година, а посетите на туристи во земјата ќе бидат со 52% помалку во однос на истиот период од минатата година.

Само во последните 12 месеци – од август 2015-та година до јули 2016-та година резервациите за хотели во Франција се намалуваат за 5,4%. Најтешко страда Париз, каде падот е од 7,5 проценти. Во следните месеци падот ќе продолжува – резервации до крајот на годината ќе упатуваат за 20% помалку туристи.

Терористичките напади не ја стопираат желбата за одмор и падот на едни пазари се компензира со раст на други. Шпанија, Португалија и Италија ќе бидат најпосакуваните дестинации за одмор во Јужна Европа ова лето, а и во наредните месеци. Само британските туристи во Шпанија во првите седум месеци од годинава се за 19% повеќе на годишна основа, додава „ВВС“.

Кризата не продолжува вечно – Тунис пример веќе почнува да се подобрува. Странските туристи во земјата се намали за речиси 40% од август 2014-та година до јули 2015-та година, по серијата напади.

Хотелиерите ги симнаа цените за да привлечат повторно туристите и како резултат бројот на Русите пример е двојно поголем – од 63.000 на 131.400. Меѓу јули 2014-та година и јули 2016-та година. Земјата започна да се потпира на туристи од Северна Африка и Источна Европа, објаснуваат хотелиери. Тие не трошат толку колку што туристите од Западна Европа, но помагаат да бидат зачувани работните места.

Генерално бројот на странски туристи во Тунис растат за 13% во оваа година во однос на минатата. Овој раст само на прв поглед изгледа стабилен, предупредуваат сепак аналитичарите, бидејќи 2015-та година беше исклучително слаба за секторот во земјата.

Ситуацијата сепак веќе изгледа охрабрувачки за туристичкиот бизнис во Тунис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП