21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете во иднината на Citroen: Cxperience Concept (фото+видео)

Погледнете во иднината на Citroen: Cxperience Concept (фото+видео)

ci concept 00

Францускиот производител на претстојниот авто-саем во Париз ќе претстави раскошна лимузина со хибриден погон, која се нарекува „Cxperience“.

ci concept 01

„Citroen“ со децении беше познат по луксузните лимузини кои се разликува од конкуренцијата по несекојдневниот дизајн, но и иновативните технолошки решенија. Судејќи врз основата на концептот „Cxperience“, низот кој беше прекинат со згаснувањето на моделот „C6“ би можел да продолжи ако „Citroen“ одлучи на купувачите да им понуди подукциска верзија на овој автомобил.

ci concept 02

Имено, место во врвот на гамата модели на француската марка е празно од 2012-та година, кога престана производството на „Citroena C6“. Концептот „Cxperience“, со кој производителот ќе пристигне на парискиот саем за автомобили во октомври, е опремен со „Plug-In“ хибриден погон и „спакуван“ во футуристички дизајн.

ci concept 03

Автомобилот е поставен на масивни 22 инчни тркала, а го карактеризираат линиите на луксузен спортска лимузина, со минималистички решенија во кабината.

ci concept 04

Долг 4,85 м, „Cxperience“ располага со комфорно меѓуосвинско растојание од околу 3 метри. Како и кај многу концептни решенија, задната врата се отвора наназад, што со отсуство на „Б“ столбовите гарантира лесен пристап кај ниско поставените седишта.

ci concept 05

„Plug-In“ хибридниот систем се состои од бензинец, чии спецификации не се прецизирани (во „Citroenu“ велат дека ќе произведува помеѓу 150 и 200 ks), и електромотор од 109 ks (80 kW). Според зборовите од луѓето од компанијата, двата агрегата во комбиниран режим испорачуваат околу 300 „коња“.

ci concept 06

За пренос на моќта се користи попречно поставен осумбрзински автоматски менувач, сместен помеѓу бензинскиот и електричниот мотор. Моќта на бензинецот се пренесува на предната, а на електромоторот на задната осовина.

ci concept 07

Доколку се вози исклчучиво на струја, „Cxperience“ може да мине и до 60 km, пред него да се испразни погонската батерија. Производителот тврди дека нивното полнење до полн капацитет на приклучот од домаќинството трае околу 4,5 часа.

ci concept 08

Со помош на специјален, брз полнач, оваа постапка се намалува на 2,5 часа.

ci concept 09

Патничката кабина, во која комфорно може да се сместат 4 лица, има футуристички изглед. Во „Citroen“ тврдат и дека со „паметното позицирање на погонскиот и преносниот систем“ успеале да обезбедат и голем багажен простор, така што во целост ќе ги задоволат потребите на патниците за сместување на работбите за подолги патувања.

ci concept 10

Се наведува дека во внатрешноста на автомобилот се употребени премиум материјали, а почест на постарите „Citroen“ возила им е одадена со управувачот кој преку управувачот чиј столб е со воланот поврзан со помош на еден крак.

ci concept 11

Како и многуте футуристички концептни возила и „Cxperience“ e oпремен со голем мултимедијален систем, кој во овој автомобил зазема најголем дел од командната табла, и преку кој практично се контролираат сите функции на возилото.

ci concept 12

Класичните ретровизори се заменети со камери, а возачот за тоа што се случува на патот зад него преку добивање на помош на малитеш екрани кои се наоѓаат во вратите.

ci concept 13

Повеќе детали ќе бидат познати во почетокот на октомври, пред официјалната презентација на концептот, а до тогаш погледнете ги фотографиите на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП