15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска ќе ја тестира идејата за основен приход за сите граѓани

Финска ќе ја тестира идејата за основен приход за сите граѓани

finska otkazi

Финска продолжува со реализацијата на плановите да воведе основен приход за сите свои граѓани, а во следната 2017-та година ќе го тестира проектот на првите 2.000 лица кои ќе добиваат пари од државата секој месец.

Канцеларијата за социјално осигурување во земјата ќе биде одговорна за експериментот, во кој ќе бида вклучени случајно избрани луѓе кои веќе добиваат социјална помош, се наведува во соопштението на властите.

Секој месец тие ќе добиваат по 560 евра, кои нема да се оданочуваат. За да се оцени ефектот од основниот приход, учесниците во експериментот ќе бидат споредени со контролна група, соопштија од Министерството за здравство и социјала.

Групата од 2000 луѓе нема да вклучува луѓе кои добиваат помош за постари и студентска исхрана.

Слична идеја за основен приход, или доделување на средства на секој граѓанин, беше одбиена на референдумот во Швајцарија во јуни оваа година. Според предлогот секој Швајцарец требаше да добива месечно по 2.500 швајцарски франци (2.300 евра) и четвртина од оваа сума за секое дете.

Слични предлози предизвикаа интерес и во земји како Канада и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП