21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредитирањето во еврозоната забележа раст во јули

Кредитирањето во еврозоната забележа раст во јули

kredit eu 00

Кредитирањето за компаниите во еврозоната се забрза побрзо на годишна основа, во јули во споредба со јуни – уште еден знак за стабилноста на еврозоната по „Brexit“ што потенцијално ја намалува потребата од уште стимулации од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), пишува „MarketWatch“.

Во седмиот месец од 2016-та година кредитирањето за фирмите во еврозоната забележа раст од 1,9% на годишна основа по зголемувањето од 1,7% во јуни, покажуваат најновите податоци на „ЕЦБ“. Кредитирањето на населението пораснало за 1,8% на годишна основа – со толку, колку што се зголеми и во јуни.

„Накратко – овие податоци потврдуваат дека во финансискиот дел на економијата работите се движат во вистинската насока, но со побавно и изнемоштено темпо”, коментира економистот во „ING“, Теунис Бросенс.

Податоците за кредитирањето доаѓаат по други кои се однесуваа на расположението во економијата на еврозоната, објавени претходно оваа недела. Тие издаваат отпорност на економијата и ги натераа аналитичари да коментираат дека евентуалната акција од страна на ЕЦБ на 8-ми септември веќе не е на дневен ред.

Волуменот на кредитите за домаќинствата е со раст од 9 милијарди евра во јули по намалените 16 милијарди евра во јуни. Кредитите за компании изнесуваа 12 милијарди евра кај 8 милијарди евра во минатиот месец.

Извештајот на „ЕЦБ“ покажа дека иако без преседан, курсот на монетарната политика кај инвеститорите можеби губат верба во способноста на централната банка да ја врати инфлацијата до нејзината цел од близу 2%.

Истражувањата за инфлациските очекувања во еврозоната станаа помалку зависни од целта на „ЕЦБ“ и зависни од краткорочните прогнози, што според експерти од институцијата создава потенцијален ризик за довербата кон „ЕЦБ“, посочува „Bloomberg“.

kredit eu 01

Кредиторот со седиште во Франкфурт не успева да ја врати инфлацијата близу до среднорочната цел која ја пропушта веќе три и пол години. Според последните податоци во јули инфлацијата е само 0,2%. Новите податоци за август „Еуростат“ ќе ги објави на самиот крај на месецот.

Во јули претседателот Марио Драги, изјави дека очекува инфлацијата да остане слаба, пред да се забрза подоцна во текот на годината. Тогаш тој рече дека инфлацијата би требало да се зголеми уште во 2017-та година и 2018-та година. Според последните проекции „ЕЦБ“ очекува инфлација од 1,3 отсто во 2017-та година и 1,6 отсто во 2018-та година. Новите прогнози банката ќе ги објави по средбата во септември.

Критичарите на Драги предупредија како поминуваат во подлабоки води неконвенционалните монетарни мерки се без очигледен успех, па тој и неговите колеги ризикуваат да ја изгубат довербата меѓу инвеститорите и општеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП