29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа Хаваи ќе се гради најголемиот телескоп

На Хаваи ќе се гради најголемиот телескоп

teleskop

На Хаваи треба да се изгради телескоп со огледало со дијаметар од 30 метри кој ќе биде најголемиот на свет. Изградбата почнува следната година, а со работа се очекува да започне во 2021-ва година, а овој проект се проценува на повеќе од една милијарда долари.

Гиганстскиот телескоп „ALMA“ кој се наоѓа во Чиле пред еден месец беше пуштен во употреба, со 66-те антени е доволно силен да се види се во универзумот. Но откако хавајските власти ги дадоа потребните дозволи, следната година на врвот на планината „Mauna Kea“ која е висока 4200 метри ќе започне изградбата на телескопот ТМТ. Планината веќе има 13 телескопи, но овој би требало да започне со работа дури во 2021-ва година. Тогаш ќе биде и најголемиот телескоп во светот со огледало со дијаметар од 30 метри. Моментално на планината се наоѓа вториот по големина телескоп „Keck“ чиј параметар на огледало изнесува 10 метри.

„TMT“ ќе биде толку снажен што ќе може да ги види и најслабите трагови на светла, односно светлост стара 13 милијарди години. Ќе биде толку прецизен со што ќе може да се видат планетите во најдалечните делови на нашата галаксија, а ќе може да се следат и планетите кои ќе настанат.

Целиот проект се развива веќе 20 години, а како место за постанување беше споменуван и Чиле, но менаџерите на проектот се одлучија за Хаваи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП