22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на невработените млади ќе достигне 71 милиони луѓе до 2017-та

Бројот на невработените млади ќе достигне 71 милиони луѓе до 2017-та

mladi333

Невработеноста меѓу младите повторно се зголемува, предупреди Меѓународната организација на трудот (МОТ).

По неколку години на пад на невработеноста меѓу луѓето на возраст од 15 до 25 години, оваа бројка ќе се зголеми до 13,1 отсто во оваа и следната година во однос на 12,9 отсто во 2015-та година, пренесуваат агенциите.

Така бројот на невработените млади ќе се зголеми за 500.000 до 71 милиони луѓе, додава МОТ.

Неповолниот тренд се должи на рецесијата во новите пазарни економии, како Бразил и Русија, кои страдаат од пониските цени на суровините.

Токму во новите пазарни економии се очекува најсилно зголемување на невработеноста меѓу младите – од 13,3 отсто во минатата година до 13,7 отсто во 2017-та година.

„Податоците за невработеноста не ја претставуваат целата вистина за обемот на предизвиците на пазарот на труд за младите луѓе, бидејќи многу од нив работат, но не добиваат доволно за да излезат од сиромаштијата“, забележуваат експерти на МОТ.

Сиромаштијата меѓу младите постепено се намалува со децении, но со побавно темпо, отколку кај возрасните и тоа доведе до зголемување на уделот на неоправданите млади меѓу вработените во светот.

Според податоците на МОТ  1% зголемување на сиромаштијата меѓу младите во земјите во развој доведува до пораст за 0,5 отсто на младите луѓе кои сакаат да емигрираат во потрага по подобра иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП