20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla Motors го претстави најбрзиот автомобил за масовно производство

Tesla Motors го претстави најбрзиот автомобил за масовно производство

brz tesla 33

Популарните електрични автомобили „Model S“ и „Model X“ на „Tesla Motors“ ќе добијат сериозна надградба, којa ќе ги направи уште попривлечни за купувачите.

Компанијата основана од милијардерот Илон Муск, ги најави плановите дека ќе пушти на пазарот нови верзии на двете возила, опремени со поголема, 100 kWh батерија која ќе го направи возењето уште побрзо и ќе им овозможи на возачите да изминуваат поголема далечина со едно полнење.

Од „Tesla“ тврдат дека новиот „Model S P100D“ во режим „Ludicrous“ е третиот најбрз автомобил во светот според забрзувањето (од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди), по „LaFerrari“ и „Porsche 918 Spyder“.

Компанијата додава дека и двата порано рангирани возила се произведуваат во лимитирана серија, што го прави новиот „Model S“ автомобил со најбрзо забрзување кој е во масовна продукција. Со новата батерија седанот на „Tesla“ ќе може да поминува по 315 милји со едно полнење, со почитување на упатствата на „EPA“ (американската агенција за заштита на животната средина) за средна енергетска потрошувачка на километар.

Практичниот спортски автомобил на компанијата – „Model X“ – исто така ќе се здобие со „P100D“ верзија, која ќе може да забрзува од 0 до 100 км/ч за 2.9 секунди. Автономијата на овој модел со едно полнење на батеријата ќе биде 289 милји.

Новите предлози на „Tesla“ дефинитивно нема да бидат достапни за секого. Почетната цена на „Model S P100D“ ќе биде 134.500 долари, а еквивалентната „Model X“ верзија – 135.500 долари. За сопствениците на „P90D“ сепак има добра вест. Тие ќе можат да го надоградат својот автомобил до „P100D“ за сума од 10.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП