22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени шестотини и педесет семејства од поплавените подрачја

Исплатени шестотини и педесет семејства од поплавените подрачја

­

der

Шестотини и педесет семејства од поплавените подрачја приматели на парични надоместоци за права од областа на социјалната и детската заштита ги добија надоместоците со 50 процентно зголемување, како дел од пакетот мерки за помош на загрозените граѓани, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Појасни дека надоместоците со 50­ процентното зголемување се исплатени за 650 семејства приматели на социјална парична помош, постојана парична помош, надоместок за помош и нега од трето лице, за мобилност, за слепило и глувост, како и надоместоците што ги добиваат родителите на децата со пречки во развој, односно корисниците на посебен додаток.

Ова зголемување на паричните надоместоци од областа на социјалната и детската заштита ќе се исплаќа во наредните три месеци, а како што рече Спасов одговарајќи на новинарско прашање на прес­конференција, било предвидено во пакетот мерки за помош на населението од поплавените подрачја.

Зголемените надоместоци за овој месец биле исплатени во текот на вчерашниот ден, а како што појасни министерот, за тоа биде обезбедени дополнителни средства од буџетот во висина од околу пет милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП