18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСАД го одобри превземањето на Syngenta од ChemChina

САД го одобри превземањето на Syngenta од ChemChina

sigenta 3350

China National Chemical Corp. (ChemChina) доби одобрување од американските власти за купување на швајцарската хемиска компанија Syngenta за 43 милијарди долари, соопштува „Bloomberg“.

Комисијата за странските инвестиции во САД ја одобри транскацијата, изјавија компаниите во заедничкото соопштение. Договорот, кој се очекува да заврши до крајот на годината, се уште е предмет на одобрување од антимонополските регулатори во целиот свет, се наведува во соопштението.

„Syngenta“ која има добиено над една четвртина од приходите во минатата година од семе и заштита на посевите во Северна Америка, ќе и помогне на државната „ChemChina“ да се трансфомира во глобален гигант во областа на пестициди и земјоделски хемикалии. Понудата поведе рекорден бран од кинески превземања кои ги натераа американските власти да размислат за тврдењата дека купувањето може да се стави под закана за националната безбедност.

Комисијата за странските инвестиции, која е предводена од Министерството за финансии и вклучува претставници на Министерството за одбрана и за надворешни работи, ги испитува превземања на американските бизниси од странски инвеститори за ризиците за американската безбедност и може да му препорача на претседателот да ја блокира трансакцијата. Комисијата често наметнува услови за трансакциите, пред да ги одобри, на пример ограничување на пристапот на туѓата компанија до дел од американските бизнис сектори.

Одобрението од Комисијата може да доведе до критики во САД. Група сенатори од земјоделските Држави во март го повикаа Министерството за финансии внимателно да го разгледаат купувањето на Syngenta, тврдејќи дека тоа може да влијае на исхраната, сигурноста и безбедноста, како и на земјоделскиот сектор во САД.

„Ројтерс“ претходно соопшти дека се очекува одобрување од американските власти, повикувајќи се на анонимни извори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП